петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 128
home Вести

Мицкоски: Срамно е Заев поради сопствени бизнис зделки и криминали да го става во заложништво својот народ

Мицкоски: Срамно е Заев поради сопствени бизнис зделки и криминали да го става во заложништво својот народ

Во вчерашното издание на дебатната емисија „Прашањето ми е следно” на порталот Инфомакс, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна на моментот кој не остана незапазен низ јавноста во однос на изјавата на Бојко Борисов каде што вели дека тој веќе му дал нешто на Зоран Заев, па тој сега ќе мора да испорача тоа што ветил.

Мицкоски додаде дека е срамно премиер на држава да преговара со премиер на друга земја и поради сопствени бизнис зделки и криминали да го става во заложништво својот народ, кој се повеќе е јасно дека како што започнал Зоран Заев со распродавањето на националните интереси, ќе остане обезличен.

„Бојко Борисов веќе не се ни труди да скрие дека со Зоран Заев е одамна договорен во однос на договорот помеѓу двете земји. Тој јасно вели дека Зоран Заев додека бил опозиција му ветил брда и долини во однос на договорот, само тој да стане премиер и да ја добие поддршката од соседните земји. Како што можеме сите да забележиме, она што Борисов го зборува е за жал вистина. Зоран Заев секојдневно ја турка земјата во амбис и економски и на национален план, додека врз грбот на граѓаните прави милионски зделки за своето семејство”, истакна Мицкоски.

Додека Република Македонија и македонскиот народ се трудат да останат на нозе достоинствени и исправени, додека се борат со сите надворешни непријатели кои посегнуваат по она што е наше, државата се соочува со внатрешен непријател и издајник на кој името му е Зоран Заев. Ова е човекот за кого македонскиот народ не значи ништо, а уште помалку Република Македонија, заврши Мицкоски.

Коронавирус