петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 140
home Вести

Мицкоски: Спортски комплекс „Марко Божиновски“ младите да го користат што повеќе, само преку спортот имаме здрав дух

Мицкоски: Спортски комплекс „Марко Божиновски“ младите да го користат што повеќе, само преку спортот имаме здрав дух

На покана на градоначалникот еве и јас сум денеска тука, да го отвориме овој Спортски центар. За жал некои работи во животот се случуваат и не можеме да се вратиме назад и да ги спречиме тие работи да се случат. Но, она што најмалку можеме да направиме е токму ова што денеска го правиме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во скопската населба Ново Лисиче каде денес беше отворен спортскиот центар кој ќе го носи името на ракометарот Марко Божиновски.

-Градоначалникот кажа во суштина се поврзано со овој Спортски комплекс, јас немам што повеќе да додадам освен тоа да остане вечното памтење и да го користат младите овде во општина Аеродром овој Спортски комплекс колку што е можно повеќе, да спортуваме и да растеме со спортот, бидејќи само во спортот имаме здрав дух, рече Мицкоски и додаде:

„А, духот ќе ни биде многу потребен во периодот кој што следи бидејќи состојбата во државата таква каква што е навистина е сложена и здрав дух ќе ни биде потребен и многу дух во суштина ќе ни биде потребен за да ги пребродиме сите овие предизвици кои што се пред нас“.

Коронавирус