четврток, 13. август 2020. Вести денес: 150
home Вести

Мицкоски: Состојбата со корона заразата излезе од контрола затоа што власта сакаше да профитира од кризата

Мицкоски: Состојбата со корона заразата излезе од контрола затоа што власта сакаше да профитира од кризата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ каде зборуваше за Ковид пандемијата и потенцираше дека состојбата со оваа пандемија излезе од контрола затоа што СДСМ се обиде политички да профитира и не водеше сметка за здравјето на граѓаните.

-Ова со ковидот е многу погрешно затоа што се обидоа политички да профитираат, не водеа сметка за државата и не водеа сметка за здравјето на граѓаните, туку сакаа политички да профитираат и мислеа бидејќи тоа во политичката филозофија е јасно во време на криза луѓето се обединуваат околу институциите и бараат спас во институциите. Овој пат беше здравствена криза, сите гледаа спас во министерството за здравство. Погледнете сега дали има Венко Филипче поддршка и ќе ги видите резулататите какви се. Затоа што луѓето на почеток му дадоа шанса, видоа дека работата бега од контрола и денеска се практично сите негативно настроени кон неговите политики посебно кон неговите последни настапи, истакна Мицкоски во своето гостување.

Коронавирус