четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 81
home Вести

Мицкоски: Сочувство до семејството Иванови за загубата на Љубисав Иванов – Ѕинго

Мицкоски: Сочувство до семејството Иванови за загубата на Љубисав Иванов – Ѕинго

Изразувам длабоко сочувство до семејството Иванови за загубата на г-динот Љубисав Иванов – Ѕинго.
Тој ќе остане запаметен како еден од најискусните политичари кои својот капацитет, искуство и истрајност ги насочија кон градење на слободна и независна Македонија, стои во Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Неговата политичка, но и деловна кариера потврдува дека станува збор за еден од највпечатливите личности која имаше визија и мудрост да опстои и истрае. Беше мој пријател, соработник и коалиционен партнер со кој имав принципиелна соработка и прилика да разменам искуства и заедно да бидеме на вистинската страна на политичката сцена. Ми беше поддршка кога бев генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и сега во времето кога имам можност да ја раководам. Граѓаните денеска изгубија добар човек, политичар и пријател. Почивај во мир пријателе и лесна ти земја!, пишува тој.

Најнови вести

Коронавирус