недела, 15. септември 2019. Вести денес: 14
home Вести

Мицкоски: Со законот на Заев за обвинителство не се осигурува фер борба против корупцијата

Мицкоски: Со законот на Заев за обвинителство не се осигурува фер борба против корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Сител телевизија изјави дека со законот на Зоран Заев за обвинителство нема фер борба против организираниот криминал и корупција.

– Ние немаме намера од страна на изготвувачот и предлагачот во случајот министерството за правда и владата на Република Македонија за фер борба против криминалот. Бидејќи гледаме дека законот сака да го заштити лицето кое што го предводи  СЈО и  нејзините помошници во случајот обвинителите кои што се дел од тоа СЈО. Без разлика дали тие директно или индиректно помагале во рамките на процесот наречен „Рекет“  кој што јавноста го следи, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека Законот за СЈО е јасен и таму стои дека сите обвинители, вклучително и специјалниот јавен обвинител по престанокот на мандатот, треба да си се вратат во матичните обвинителства, односно во основните обвинителства од каде што дошле во рамките на СЈО, и затоа не треба да бидат ниту во новото, а ниту да бидат заштитени.