сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски со телеграма со сочувство до Хрватска и хрватскиот народ за жртвите од земјотресот

Мицкоски со телеграма со сочувство до Хрватска и хрватскиот народ за жртвите од земјотресот

Со големо жалење и тага ги примив потресните вести за катастрофата предизвикана од големиот земјотрес кој се случи во Загреб. Нашиот народ стои рамо до рамо со хрватскиот народ и воедно ја истакнуваме нашата безусловна поддршка, стои во телеграмата со сочувство до Хрватска и хрватскиот народ од Христијан Мицкоски, лидерот на партијата ВМРО-ДМНЕ.

-За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како луѓе. Во овие тешки моменти за вашата земја, уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со хрватскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес, вели Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус