среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Мицкоски: Со се што се фали Заев граѓаните не го чувствуваат тоа во своите животи

Мицкоски: Со се што се фали Заев граѓаните не го чувствуваат тоа во своите животи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел на Македонската телевизија рече дека со сето она што се фали СДСМ и Заев, граѓаните не го чувствуваат, односно како што рече тој Заев и СДСМ мора да тераат таква политика да зборуваат нешто во кое што може само они веруваат.

Ова што сега го слушнавме буквално никој не го чувствува и во ред јас го разбирам Зоран Заев, они мора да тераат таква политика да зборуваат нешто во кое што може само они веруваат. Па затоа ќе се вратам во месец март кога заедно Зоран Заев и ресорниот министер стоеја на прес конференција пред новинарите и велеа дека блескаме дека е ликвиден буџетот а по десетина дена потоа излегоа на прес конференција и лицитираа со милијарди кои што ќе недостасуваат, истакна Мицкоски.

Тој му порача на Заев дека доколку имал чесна намера кон граѓаните тогаш ќе им дадел помош на граѓаните уште во месец март и април, а не пред избори, нагласувајќи му дека не може да тргува со волјата на народот туку с минатиот труд. Односно како што рече Мицкоски, минатиот труд на Заев како премиер и неговите министри е очаен и катастрофален а тоа ќе го забележат и на 15 јули со пристигање на изборните резултати.

Јас, господине Зоран Заев не зборувам за парите кои што се дадени за граѓаните, вие доколку имавте чесна намера ќе ги дадевте уште во март, во април месец, а не сега пред избори. Но, во ред јас тоа го зборувам и на митинзите, тоа се народни пари. Народот ги плаќа тие пари во буџетот и буџетот и државата треба да им вратат на народот во овие тешки моменти.

Ние предлагавме многу повеќе и предлагавме за сите граѓани, а не за оние кои што вие сте оцениле дека ќе ви требаат на овие парламентарни избори. Но верувајте на тој начин не се тргува со волјата на граѓаните, туку со минатиот труд. А вашиот минат труд како премиер, минатиот труд на министрите е очаен и катастрофален и тоа ќе го забележите на 15 јули некаде во 22 и 30 часот. Народот бизнисот не се задоволни, послушајте ги бизнис заедницата, послушајте ги коморите, прошетајте наоколу и ќе ја добиете вистинската слика, му порача Мицкоски на Заев.

Коронавирус