недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Мицкоски со порака од Кочани: Неправдата мора да прекине, граѓаните и Македонија ќе изберат претседател кој ќе донесе правда и правдина

Мицкоски со порака од Кочани: Неправдата мора да прекине, граѓаните и Македонија ќе изберат претседател кој ќе донесе правда и правдина

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати пред граѓаните во Кочани на митинг за избор на претседател на Република Македонија.

Мицкоски нагласи дека во Македонија се случуваат големи неправди од страна на актуелната влада на Зоран Заев и СДСМ додавајќи дека граѓаните на 21-април и на 5-ти мај ќе јги делегитимираат криминални дејствувања на власта.

-Неправда е кога овде од Кочани ќе ветат зелена нафта за земјоделците, а ќе изминат две години газејќи ги дебелите црвени персијанци по Брисел и Европа, а од зелената нафта ни трага ни глас додека земјоделците мака мачат како да скрпат од први до први.Неправда е исто така кога ќе ветат загарантиран откуп, повисоки субвенции и дополнителни стимулации за земјоделците, а денеска реланоста овде во Кочани и кочанско е катастрофална. Ниту имаат каде ниту за што да го продадат својот род, истакна тој.

Мицкоски не ги заборави и патриотите кои беа осудени на 211 години, односно како што рече тој на луѓето кои си ја бранеле државата и уставот се осудени на 211 години, додека оние кои се вистински терористи добиле смешни казни.

-Неправда е, добри луѓе, кога патриоти се судат со казни повисоки од 2 века, а истовремено терористи од ИСИС вратени од боиштата во Сирија добиваат трипати помали казни, вели тој.

Тој побара поддршка од граѓаните за кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова за да конечно во Македонија да донесе правда и владеење на правото.

 

Коронавирус