понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 152
home Вести

Мицкоски со порака до пензионерите: Ќе го вратиме законски загарантираното усогласување на пензиите и ќе ги покачиме

Мицкоски со порака до пензионерите: Ќе го вратиме законски загарантираното усогласување на пензиите и ќе ги покачиме
Penzioneri

Ќе го вратиме законски загарантираното усогласување на пензиите и ќе ги покачиме. Ова ветување им го даде на пензионерите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во интервју за Пресс24, тој порачува:

„Што се однесува до пензионерите, сакам да истакнам дека таму власта врши притисок и ги казнува со тоа што им го укина стандардното зголемување кое беше законски загарантирано и врзано со растот на инфлација, па сега нивните пензии не го следат растот на трошоците за живот. Сакам да посочам дека откако ќе се смени власта една од првите мерки ќе ни биде враќање на претходното законско решение каде на пензионерите ќе им загарантираме законско покажување на пензиите односно усогласување со инфлацијата и трошоците на живот. И покрај тоа што законски им следува ќе имаат и други покачувања на пензиите, но за процентите колку тие ќе растат ќе ги соопштиме кога ќе дојде време за тоа“.