вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 114
home Вести

Мицкоски со порака до битолчани: Да не им дозволиме од Битола да направат Стентонград им доаѓа крајот на бизнис пајташите

Мицкоски со порака до битолчани: Да не им дозволиме од Битола да направат Стентонград им доаѓа крајот на бизнис пајташите

Ја гледав таа прес конференција во текот на вчерашниот ден каде што СДСМ дава снимка од средба моја заедно со раководството на општинскиот комитет во организација на Регионалната стопанска комора, и комората ги кани луѓето кои се присутни на таа средба и тоа е практично еден вид состанок на кој што се разговараше за регионалниот економски развој тука во Битола, службена средба и секогаш кога ќе бидам поканет јас ќе присуствувам на такви средби. Но јас имам овдека една друга фотографија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на Битола, поточно индустриската зона „Жабени“.

Претпоставувам, додаде тој, дека станува збор за ова лице од „Стентон“ кое веќе го гледаме во друштво на кандидатот за градоначалник на Битола од страна на СДСМ.

„Шишето е на маса, се пуши во затворена просторија и нема маски. Претпоставувам дека сликата е направена пред ковид пандемијата, затоа што ако не е направена пред КОВИД пандемијата е многу страшно. Не би сакал да верувам дека идниот градоначалник за Битола, кој што сака да биде градоначалник, а ќе биде поразен, ги крши протоколите кои што неговата влада ги донела. Во една фина приватна атмосфера, без да биде организирано од регионалната стопанска комора се дружи со господинот кој што вие го спомнувате. Претпоставувам дека за ова лице станува збор кое што вчера го цитираше СДСМ“, кажа Мицкоски.

Тој објасни – „за разлика од таа средба каде што јас бев присутен на покана на Регионалната стопанска комора во организација директорот на оваа комора и се поздравував со стопанствениците кои што беа присутни таму, овде гледам дека е во прилично опуштена атмосфера и во прилично приватен амбиент“.

„Затоа, да не дозволиме да претворат од Битола „Стентон“. Оставете ги парите, парите се небитни. Честа на луѓето нема цена. Ги повикувам битолчани, знам колку се горд народ, знам колку се чесен народ и знам колку се честит народ, нема цена која што ќе го купи вашето достоинство. Гласајте слободно, доаѓа крајот. Македонија ќе биде слободна и Македонија ќе биде на народот на Македонија, а не заробена од вакви бизнис пајташи“, порача Мицкоски.

Коронавирус