понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 51
home Вести

Мицкоски со поддршка за Мисајловски: Ако власта сака да испрати порака на страв, нашиот одговор е одлучност

Мицкоски со поддршка за Мисајловски: Ако власта сака да испрати порака на страв, нашиот одговор е одлучност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи на социјалните мрежи откако во раните утрински часови експлозивна направа беше фрлена кон семејната продавница на потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.

Мицкоски истакнува дека вистинското лице на власта е она кое се случило утринава во Ѓорче Петров каде е фрлена експлозивна направа во семејниот дуќан коj е во сопственост со децении на семејството Мисајловски.

-Овде не се работи за “случаен” пожар каков му се случи на Владо Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на власта на СДСМ. Таму треба да се бараат нарачателите и инспираторите на сето ова. И ова е израз на целосна немоќ, страв од пораз и тотална забеганост. Во таква една специфична состојба за нив, тие атакуваат врз слободата и интегритетот на првите лица на опозицијата. Ќе потсетам дека и Игор Дурловски беше вербално нападнат од советник на премиерот. Ова раководство на владејачката партија е свесно дека губи и дека им нема спас, ова е крик на очајни луѓе кои прават се за да не одгововараат пред лицето на правдата. Ама падот е неизбежен и ништо не може да ги спаси. Овде битката е дали ќе им дозволиме на такви бандити да ни ја земат државата и ги контролираат нашите судбини или народот ќе си ја врати државата кај себе. Тие не се свесни дека јас и сите околу мене се решени да одиме до крај додека не го поразиме ова зло. Македонија е многу повеќе наша и на чесниот народ, колку што е на криминалците кои сакаат да печалат на туѓата мака. Ако пораката која сака власта да ја испрати кон опозицијата е страв, тогаш нашиот одговор е одлучност. Тие сакаат држава со искривена кичма, ние ќе ја исправиме Македонија и ќе ги победиме. Мојата поддршка за Владо Мисајловски. Македонија е посилна од сите нив, пишува Мицкоски.

Коронавирус