понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Мицкоски со поддршка лицата со аутизам: Да ги скршиме сите бариери за целосна нивна интеграција во општеството

Мицкоски со поддршка лицата со аутизам: Да ги скршиме сите бариери за целосна нивна интеграција во општеството

Лицата со аутизам се дел од нашето општество и како поединци, но и како институции мораме да го свртиме вниманието кон нивните потреби, да им помогнеме и ги скршиме сите бариери кои се испречуваат пред нивната целосна интеграција во општеството, вели во својата порака со поддршка претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Дозволете ми по повод 2 Април, Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот да дадам огромна поддршка на организациите и семејствата кои се грижат за лицата со аутизам.

Лицата со аутизам се дел од нашето општество и како поединци, но и како институции мораме да го свртиме вниманието кон нивните потреби, да им помогнеме и ги скршиме сите бариери кои се испречуваат пред нивната целосна интеграција во општеството.

Хуманоста не знае за пречки. Таа треба да не води во оваа заедничка борба кон градење на подобра иднина за секој во нашата Македонија. Да почнеме час поскоро да работиме сплотено и да се солидаризираме со лицата со аутизам и нивните семејства, затоа што тие се храбри борци во животот и им треба нашата поткрепа.

Нивната радост и насмевка нека бидат нашата цел и нашата награда, пишува Мицкоски во својата објава.

Најнови вести

Локални избори 2021