среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Мицкоски: Со овие луѓе е невозможна мисија членство во ЕУ

Мицкоски: Со овие луѓе е невозможна мисија членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во овој капитулантски процес. Ова беше дело исклучиво на оние 2-3 политичари, вклучително и Зоран Заев. Вака Христијан Мицкоски го коментира Договорот од Преспа, во интервју за ТВ Стар.

-Лично се направи таа егзибиција за пусти пари и власт. За ништо друго.  ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот, не го легитимираше овој процес, не учествуваше во потпишувањето на истиот и ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати нешто во кое не учествува. И овој процес, секој оној што вели дека не може да се корегира, јас ви велам дека не е точно. Има начин како тоа се прави. Тој начин е 80 пратеника и услов бадинтер. Тоа е условот за да можеме ние да го вратиме идентитетот и достоинството, и уставното име на оваа држава. Ние не можеме како политичари да излеземе во опозиција да се колнеме во жица, во дедовина, во татковина и да кажеме дека нема да направиме ништо, а да промениме идентитет и име како што тоа го правеше Зоран Заев кога беше опозиционер. А денес кога е премиер, единствената работа која ја направи е токму тоа. Ние сме свесни дека сите овие работи кои беа направени, дека тие процеси се реалност во Македонија. Ние не можеме, за жал, со сила да ги промениме, демократија со сила никој не признава. Но, затоа институционално ние можеме многу работи да измениме, истакна Мицкоски.

-Било каква нерегуларност во изборниот процес на овие претседателски избори, ќе ја оддалечи Македонија од патот кон Европската Унија дополнително од тоа што е сега. Целата теза со која Пендаровски ја градеше кампањата, се урна. Во 2018-та со селфи од авион премиерот рече „Штотуку добив позитивна вест, Македонија доби датум за отпочнување на преговорите“. Потоа се организираа со народни пари, веселби на полупразни плоштади ширум Македонија, но видовме дека немало тогаш датум. Гледаме дека и 2019-та дојде, повторно нема датум. Не дека јас посакувам, напротив, цело време сме во рамките на процесот, цело време придонесуваме во рамките на процесот и на наша штета. Доколку ги гледаме нашите лични политички интереси, но секогаш сме ги ставале државните пред сè, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека лошо е што има неуспешни политичари во Македонија кои на Хан не можат да му ги испорачаат резултатите кои му ги ветуваа.

Коронавирус