понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 98
home Вести

Мицкоски со одговор до Заев дека Бугарите сакале да ни бидат татковци: Антрополошки сме различни, Заев пак нешто не разбрал како треба

Мицкоски со одговор до Заев дека Бугарите сакале да ни бидат татковци: Антрополошки сме различни, Заев пак нешто не разбрал како треба

Претпоставувам дека не го разбира семејното стебло, што значи родител, а што значи брат, затоа што ниту родител ниту браќа можеме да бидеме со нив туку нешто сосема друго, затоа што сме различни, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Алфа ТВ како рекација на изјавата на премиерот Заев дека тој сакал да бидеме браќа со Бугарите, но Бугарија сакала да ни стане татко.

Мицкоски рече дека ние не можеме да бидеме браќа со нив бидејќи сме антрополошки различни.

„Ние ако потекнуваме од исти родители можеме да бидеме двајца браќа или брат и сестра или две сестри, но ние не може со нив да бидеме браќа од проста причина што сме антрополошки различни, тоа е прво и основно. Второ, еве тоа пријателство гледаме до каде не доведе што го градеше тој, и со едните, и со другите и со третите. Во светот сме за потсмев, оти кога ќе завртите грб сите викаат оние променија име, се откажаа од малцинство од се, а ништо не добија. Таква е во светот перцепцијата за нас. Така што, еве неговот пријателство до кај не дотера. Две и пол години преговараме, две и пол години кажуваме како почнуваме со преговори, дека подобро се живее и така натаму за да на крај повторно се бара од нас да нешто направиме национална отстапка да се асимилираме за да дојдеме до крајната цел. Еве тоа негово пријателство до тука не дотера. Тој е несериозен, не стратешки пристап, грешката е направена со самиот момент што се дозволи овој да формира влада, реагираше Мицкоски.

Коронавирус