четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 60
home Вести

Мицкоски со одговор до Пендаровски: проблем е кога претседател на држава не разликува меѓународни институции и пропушта прилики за одење напред

Мицкоски со одговор до Пендаровски: проблем е кога претседател на држава не разликува меѓународни институции и пропушта прилики за одење напред

Дали има алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку со оваа влада? Не, нема, ниту сега, ниту пред една година, ниту во иднина, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Дали Пендаровски треба да ја искористи секоја прилика да обезбеди членство во меѓународни организации кои ќе значат нови стандарди?

Да секако!

Дали Пендаровски прави разлика помеѓу Европска економска заедница која формално е пресликана во Европската Унија и за која вчера говореше и од друга страна Европска економска зона чиишто темели се во 1992 година за која денес пишува статус?

Очигледно дека не!

Да потсетам Стевo Пендаровски е Претседател на државата.

Проблем е кога носителите на највисоките функции немаат најосновни познавања на терминологијата во меѓународните односи, а претендираат да ја водат Македонија напред во меѓународната сфера.

Локални избори 2021