среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 111
home Вести

Мицкоски: Со нула проценти раст на БДП и 14 проценти капитални инвестиции се покажува дека економијата тоне

Мицкоски: Со нула проценти раст на БДП и 14 проценти капитални инвестиции се покажува дека економијата тоне

Вечерва гостин во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој говореше за економската состојба во Република Македонија и кажа дека ние две години стагнираме во економијата.

Мицкоски напомена дека доволен доказ дека економијата тоне е растот на БДП од 0 проценти.

-Капиталните инвестиции по првите пет месеци се на рангот од 14 проценти, незапаметено катастрофално лошо ниво, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека државата нема шанса да го постигне растот на БДП проектиран од Владата, кој е 3,2 проценти, т.е. во наредните два квартали растот би требало да биде пет проценти, што според Мицкоски тешко може да се служи. Тој кажа дека власта не знае да ги решава проблемите.

-Оваа економија тоне заради тоа што никој не сака да решава проблеми, него фино седнале во фотелјите чекаат решенијата да им паднат од небо и така решени од небо паднати решенија тие да ги имплементираат, епа не паѓаат решенија, треба да работите, да знаете како. Не е лошо да излезете пред македонската јавност да кажете не знаеме како, полошо е да правите вака небулозни стерилни оправдувања, изјави Мицкоски.

Коронавирус