недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски со моќна порака: Изгрева зората на слободата и носи правда во Македонија!

Мицкоски со моќна порака: Изгрева зората на слободата и носи правда во Македонија!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Македонски Брод истакна дека добра вест денеска се шири ширум државата, а таа е дека изгрева зората на слободата и носи правда во Македонија. Ова зора, посочува тој, ќе дојде со победата на професорката Гордана Силјановска Давкова на следните претседателски избори.

-Добри луѓе, браќа и сестри имам добра вест која што ширум Македонија денеска се шири. Изгрева зората на слободата и носи правда во Македонија со победата на професорката Гордана Силјановска Давкова на следните претседателски избори. Дојде крајот на Зоран Заев и на овие погрешни политики. Дојде крајот. Ќе поминат години од сега, повторно ќе се најдеме овде, во Македонски Брод и ќе се погледаме во очи и тогаш, можеби некој од нас ќе бидат со уште поседи коси, овие младиве од УМС тогаш ќе бидат сениори, рече Мицкокси и додаде:

„Ќе пренесуваат, ќе прераскажуваат сведоштва за ова наше денешно секојдневие. И ќе се погледаме во очи и ќе си го поставиме прашањето, дали направивме се што можевме да направиме кога на Македонија и требаше? Затоа што нашиот сон за Македонија е толку велик, што повелик не може да биде. Ајде да го сонуваме нашиот сон, ајде да се бориме да нашиот сон стане јаве“.

Коронавирус