петок, 19. април 2019. Вести денес: 17
home Вести

Мицкоски со лекција за економија до Заев: Ништо да не правите во економијата ќе биде дури и подобро

Мицкоски со лекција за економија до Заев: Ништо да не правите во економијата ќе биде дури и подобро

Нула проценти е растот во 2017 година, го проектиравте на 2,6 со ребалансот, па потоа крајот на ноември на 1,6 го нивелиравте иако цел свет ви велеше и Светска банка и ММФ и јас дека нема да го постигнете, ова во вечерашниот ТВ дуел го потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Верувајте и сега на Светска банка и ММФ кои се скептици дека и 3,2 ќе биде во 2018 година едните го намалија на 2,8, другите на 2,2. Дај Боже да биде 3,2, еве јас ви велам ништо да не правете, оставете ги бизнисмените сами ќе си ја дигнат економијата на 3,2. Инаку 1,2 проценти во последниот квартал во услови кога целиот свет бележи, двоцифрени бројки на раст на бруто домашниот производ, особено за развиените земји, во Европа имаме ренесанса на економијата, во Унгарија, Бугарија, Словенија по 5,6 проценти раст на БДП. Бев кај премиерот на Унгарија Орбан, срам ми беше да го погледнам во очи бидејќи ми кажа дека неговата земја расте 5 проценти, додека ние сме нула, потенцира Мицкоски.

За да имате 500 евра просечна плата, па дури и на крајот на вашиот мандат дури и тоа да бидат редовни парламентарни избори во 2020-тата, ќе треба да имате номинален пораст на платите на вработените за 11% годишно, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Тв дуелот со Зоран Заев.

-Вие, во вашите макроекономски показатели, објавени транспарентно како што велите, на сајтот на Министерството за финансии, објавувате дека 2018-тата ќе ја завршуите со номинален раст на платите од 4% и реален од 2,3%. Знаете колку е далеку 11 %? Барем пет пати од тоа повеќе. Чесно е да кажете „Луѓе, згрешивме. Ја утнавме работава, ве излажавме“. Чесно е тоа да го кажете, истакна Мицкоски.