петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
home Вести

Мицкоски: Со капитулантскиот договор е загрозен македонскиот идентитет, не слушнавме демант од владата на Заев за тврдењата на Ципрас дека македонската нација не постои

Мицкоски: Со капитулантскиот договор е загрозен македонскиот идентитет, не слушнавме демант од владата на Заев за тврдењата на Ципрас дека македонската нација не постои

Ние ќе бидеме Македонци во границите на Република Северна Македонија и ние ќе говориме македонски јазик со фуснота која 70 и повеќе години на никој во светот не му сметаше, ниту пак на стотици универзитети му сметаше македонскиот јазик да го ословува како македонски. Наеднаш му сметаше на Заев и на Димитров и мораа да стават фуснота. Второ Македонци ќе бидеме во рамките на Република Северна Македонија, еве деновиве по спортските портали каде што наши спортисти беа директно ословувани како Севрномакедонци, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното негово гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Според Мицкоски и покрај обидите на Заев и на другите министри од владата на СДСМ да создаде димни завеси, фактите го говорат спротивното и не можат да се сокријат, алудирајќи на изјавата на Ципрас и Коѕијас кога кажале дека станува збор за сСверномакедонци каде што Македонија нема право повеќе да дискутира за малцинствата надвор од границите на Република Македонија.

-Ние од нашата влада се уште не слушнавме официјален демант дека тоа не е така, дека си го загарантиравме идентитетот, додаде Мицкоски.

Тој додаде дека неколку пати темелно го прочитал договорот и дека тој е асиметричен каде што јасно се гледа дека не се зачувува македонскиот јазик.

-Неколку пати го имам темелно прочитано договорот и еве кажувам дека се манипулира јавноста. Не е точно дека се зачувува македонски јазик, бидејќи тоа се две стекнати права кои до овој момент беа загарантирани. Но, од овој момент не е така. Нашите лични карти, нашите патни исправи ќе претрпат, ќе претрпат измени државјанството ако до сега бевме Македонци, сега ќе бидеме Македонци / граѓани на Република Северна Македонија. Тоа се идентитетски измени кои што значат промена на идентитетот нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со самото тоа што има промена на Уставот на Република Македонија самото тоа по себе повлекува менува на идентитетот односно дека Македонија ќе биде нов хибрид со нација која што има историја која што почнува од тој момент кога ќе се промени името.

-Ние имаме целосно асиметричен договор. Кога велам асиметричен подразбира дека ние преземаме обврски додека пак нашиот јужен сосед не презема никакви обврски. Односно вели реализирајте ги вие вашите па јас ќе размислам за моите, вели Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од распродажбата на националните и државните интереси, истакнувајќи дека го подржува непотпишувањето на законот за ратификација на договорот од страна на претседателот Иванов.

Коронавирус