недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Мицкоски со граѓаните: Државата не смее да биде пречка за бизнисот, туку поддршка за развојот на бизнис (ФОТО)

Мицкоски со граѓаните: Државата не смее да биде пречка за бизнисот, туку поддршка за развојот на бизнис (ФОТО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  денес во рамките на акцијата на теренски посети „Мицкоски со граѓаните“ беше во посета на Кочани и Кочанско.

Денес во рамките на акцијата на теренски посети „Мицкоски со граѓаните“ сум во посета на Кочани и Кочанско. Вчера остварив посета на Стопанската комора на Македонија, а денес ја продолжувам теренската посета на бизнис компаниите низ државата. Конкретно сум во посета на конфекција “Алекс” во индистриската зона во Кочани. Разговаравме за условите за водење на бизнис и тоа што треба државата да го направи за развој на бизнисот. Државата не смее да биде пречка за бизнисот, туку поддршка за развојот на бизнис. Она кон што ќе бидеме насочени е токму обезбедувањето на подобри услови за бизнис со цел подобри услови за работниците и поголеми приходи. Затоа планираме да ја зацементираме политиката на ниски даноци и задржување на раамниот данок, но воедно ќе се потрудиме и да извршиме влијание за намалување на постојните даноци што ќе значи повеќе пари за граѓаните и за бизнисот. Државата ќе се откаже од дел од давачките за да тие се вратат во стопанството. Ако може да се карактеризира нашата програма, таа пред се ќе биде економска. Но, воедно важен аспект на кој ќе посветиме внимание и важен предуслов за ова е токму обезбедување на владеење на правото и правната држава. Не смее повеќе во државата да ни се случува криминалци да шетаат на слобода и мистериозно да исчезнуваат, да се прави трговија со правдата пред и по избори. Тоа штети на правдата, на бизнисот, на граѓаните. Ќе се бориме за подобар стандард и за повеќе правда и почитување на законите . Тоа е работа на која се обврзуваме.

Коронавирус