сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Со чипирано обвинителство и чипирано судство под контрола на Заев нема правда

Мицкоски: Со чипирано обвинителство и чипирано судство под контрола на Заев нема правда

Веднаш штом Зоран Заев нарача, притвореничката напиша, Јовевски достави односно одлучи да ги преземе предметите. Така што чипирано обвинителство и чипирано судство не може да гарантира право и правдина во оваа држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју дадено за МТВ 2.

Мицкоски потенцираше дека законите и Уставот треба да се почитуваат безусловно и дека истите гарантираат право и правдина во државата, но денеска во Република Македонија ние имаме судство и обвинителство под команда на Зоран Заев.

Доколку погледате многу случаи во минатото каде што беа доставувани кривични пријави со еклатантни докази за кршење на законите од страна на опозицијата како што беше оној рекорден референдумски одѕив на некои избирачки места, потоа самата онаа афера што државниот јавен обвинител ја објави дека биле снимани обвинители и судии две години, дали вие сте слушнале нешто дека е преземено по тие две прашања? Дали се знае до каде се, дали имаме развој на настаните? Еве јас ќе ви одговорам, немаме, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тој како човек и ВМРО-ДПМНЕ како партија нема да прават компромиси со законите и Уставот, затоа што доколку доследно се почитувани на државата не и е потребно ново Пржино од кое ќе излезе друго СЈО кое што гледаме дека заврши со куфер полн со пари.