вторник, 21. август 2018. Вести денес: 96
home Вести

Мицкоски со честитка за Водици: Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат на овој ден и во текот на целата година, Македонија мора да оди напред

Мицкоски со честитка за Водици: Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат на овој ден и во текот на целата година, Македонија мора да оди напред

Денес, славејќи го Христовото крштевање и нашето духовно раѓање, дозволете ми во мое лично име и во име ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, стои во честитката која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ја испрати до  Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

-Денешниот христијански празник претставува симбол на духовното раѓање и патот по кој треба да чекорат сите верници христијани. Со празникот Водици се продолжува негувањето на нашите традиции и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество. Овој голем ден нека биде потсетник на христијанските вредности кои треба да ги почитуваме љубов, хуманост, добрина и проштевање. Нашата конечна цел треба да биде успешна Македонија, држава на среќни и задоволни граѓани, држава која се грижи за своите граѓани и која активно ќе ги решава проблемите на граѓаните. Наместо прогон, потребна е работа и проекти, наместо уназадување и економска стагнација, потребен е раст и напредок. Република Македонија мора да биде почитувана држава, стои во честитката и се додава:

„Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат на овој ден и во текот на целата година. Македонија мора да оди напред. Прославувајќи го овој голем празник, да се помолиме на Бога да ги освети нашите реки и езера, да ги благослови нашите граѓани и нашата држава, дарувајќи ни здравје, среќа и благодет. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник! БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

Најнови вести