вторник, 9. март 2021. Вести денес: 18
home Вести

Мицкоски со честитка: за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници

Мицкоски со честитка: за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денешниот празник Богојавление – Водици на сите верници кои го слават.

На Богојавление е спознаена светата тајна крштевање, кога Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан, од страна на СВ. Јован. Тоа ја симболизира надежта и извесноста на спасението.

Во овие тешки мигови за нашата земја и народ потребно е сплотеност, но и давање на надеж на секој еден човек дека може поинаку, мора подобро. Дека оваа земја е способна за големи победи и дека треба да се стави крај на неспособноста, нестручноста и тонењето надоле.

Потребен е општествено рестартирање и обединување на сите прогресивни сили за обезбедување на сонот на подобра Македонија. Тоа е можно и тоа зависи од секој нас. Уште еднаш за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите.

Бог се јави!

 

Коронавирус