вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 77
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Вести

Мицкоски со честитка по повод празникот Свети Климент Охридски

Мицкоски со честитка по повод празникот Свети Климент Охридски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија да им го честитам 8-ми Декември денот кога го чествуваме големиот просветител Свети Климент Охридски.

Денес го славиме ликот и делото на светиот Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква, големиот словенски просветител, книжевник, учител, првиот словенски епископ и основач на големата Охридска книжевна школа која преставува првиот своевиден словенски универзитет. Светиот Климент Охридски е длабоко врежан во македонската историска меморија, но и човек кој со своето цивилизациско дело, кириличната азбука, се запишал со златни букви во словенскиот свет, но и во европската и светска духовна и културна ризница.

Тој е еден од најголемите и најдостојните ученици на светите Кирил и Методиј кој целиот свој живот го посветил на продолжувањето и ширењето на нивната работа. Како верен и доследен ученик на словенските просветители поминал макотрпен пат исполнет со премрежија и прогони, пат кој го издигна во еден од најголемите просветители. Неговото дело како факел носеше светлина за целиот словенски род.

Македонија е особено горда на неспорниот факт дека просветителскиот бран кој го понесе светиот Климент Охридски почна од Охрид, од Македонија и преку бројните преведени книги и учители кои произлегле од Охридската школа, се проширил во светот.

Вечен нека е споменот за свети Климент Охридски и неговото дело.

Вечен и честит нека е празникот.

Вечна нека е Македонија!, пишува во својата честитка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски.

Коронавирус