недела, 9. мај 2021. Вести денес: 78
home Вести

Мицкоски со честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан: „Нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, спокој и мир“

Мицкоски со честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан: „Нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, спокој и мир“

Почитувани граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед дозволете ми од мое лично име и од име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан, стои во честитката на опозицискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Ви посакувам од срце светиот месец Рамазан да го поминете во добро здравје Вие и Вашите семејства и нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, среќа, спокој и мир. Светиот месец Рамазан оваа година нека помине во благосостојба и милосрдие, но и молитви и верба дека заедно ќе ги пребродиме предизвиците на ова темно време. Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека биде водилка која ќе го води човекот и сега и во иднина, како во врска со справувањето со здравствената криза, така и кон градењето на подобра иднина на идните генерации, вели тој.

Секој со свој личен пример и одговорен однос нека даде свој придонес во заштита на својот и животот на своите ближни, но истовремено да покажеме како и низ вековите наназад дека со заемно почитување и заедничко разбирање можеме да работиме за доброто на нашиот заеднички дом, нашата заедничка татковина Република Македонија.
Нека е лесен и благословен Вашиот пост.
Нека е честит светиот месец Рамазан, додаде Мицкоски.

Коронавирус