сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски со честитка до Власите: Влашката заедница е дел од богатата култура и историја во Македонија

Мицкоски со честитка до Власите: Влашката заедница е дел од богатата култура и историја во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на сите припадници на влашката етничка заедница во Македонија им го честиташе 23. мај, Национален ден на Власите.

-23 – мај е ден кога се афирмира влашката култура и традиција и нивното вековно постоење во нашата заедница. Влашката заедница е дел од богата култура и историја во Македонија, но и иднината која заеднички ја градиме. Власите низ историјата имаат огромен придонесе во градењето на заедничката држава и во историската борба за самостојна, независна и демократска Република Македонија. Потенцира дека Нашите заеднички вредности продолжуваат да градат единство, разбирање и хармонија во нашата земја, се вели во честитката од Мицкоски.

Вели дека овој ден треба да биде симбол за заедничките заложби за подобра и посветла иднина на Македонија.

Коронавирус