сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Мицкоски со честитка до Вебер: ЕНП одбрал идеален кандидат за да го движи процесот на Европска интеграција напред

Мицкоски со честитка до Вебер: ЕНП одбрал идеален кандидат за да го движи процесот на Европска интеграција напред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати честитка до Манфред Вебер, кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија и Претседавач на Групата на ЕНП во Европскиот Парламент.

Во честитката Мицкоски изразува уверување дека со Вебер како кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија, ЕНП одбрал идеален кандидат за да го движи процесот на Европска интеграција напред во следните години.

-Ми беше задоволство повторно да се сретнеме во Хелсинки и да дискутираме за прашања кои се од значење на само за нашето политичко семејство, туку и за просперитетот и стабилноста на целиот Европски континент. Со нетрпение очекувам дека ќе работиме заедно во процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија – процес на кој нашата политичка партија има длабока посветеност, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.,

Мицкоски посочува дека посветеноста кон силна, стабилна, безбедна и просперитетна Европа секогаш била споделена во рамките на ЕНП.

-Заедно ќе се придржуваме кон оваа обврска и повторно ќе докажеме дека темелите врз кои Европската унија е изградена и развиена се навистина највисоко достигнување на современата демократија. Ви посакувам се најдобро и секако успешна кампања, стои во честитката која Мицкоски му ја испрати на Вебер.

Коронавирус