вторник, 9. март 2021. Вести денес: 11
home Вести

Мицкоски со честитка до Лашет

Мицкоски со честитка до Лашет

Му посакувам успешна работа и како две сестрински партии успешна соработка со ЦДУ, сѐ со цел уште позабрзан развој на демократијата и економијата на Македонија и односите со пријателска Германија, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на изборот на Армин Лашет за претседател на ЦДУ.

Лашет денеска вети дека ќе поведе дијалог со сите демократски партии во земјата и рече дека во денешно време е потребно сите демократи да се обединат.

-Особено во овие денови што ги живееме во светот, фразата „единство, правда и слобода“ е поактуелна од кога било порано, рече Лашет, алудирајќи на една строфа од германската химна, пренесуваат британските медиуми.

Новиот лидер на ЦДУ повика на заедничка борба за овие принципи против сите оние кои, како што кажа, сакале да ги загрозат.

Коронавирус