недела, 9. мај 2021. Вести денес: 132
home Вести

Мицкоски со честитка до Емил Заев: Заедништвото треба да биде позитивниот пример кој треба да се следи и да се вреднува

Мицкоски со честитка до Емил Заев: Заедништвото треба да биде позитивниот пример кој треба да се следи и да се вреднува

Во овие празнични денови дозволете ми во свое име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на свештеништвото и на сите верници на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот Христијански празник – Божиќ, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до претседателот на Евангелистичко- Методистичката црква, Емил Заев по повод празникот Рожденство Христово Божиќ.

-На сите верници им посакувам овој празник да го прослават во духот на мирот и заедништвото, во молитва да ја разбудиме бескрајната љубов, почитта и спокојот. Евангелско – методистичката црква има свој придонес во афирмирање на овие духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верници. Меѓусебно да се почитуваме, толерираме и помагаме, бидејќи тие се вредностите кои треба да ги негуваме и шириме, како во семејствата, така и во нашето општество и во нашата Република Македонија, стои во честитката.

Заедништвото, се додава, треба да биде позитивниот пример кој треба да се следи и да се вреднува.

Коронавирус