петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Мицкоски: Следува енергетска криза и рестрикции, владата нè враќа 40 години назад

Мицкоски: Следува енергетска криза и рестрикции, владата нè враќа 40 години назад

Македонија е пред енергетска криза која ќе се одрази и со рестрикции на електричната енергија која граѓаните ќе ја почувствуваат уште од наредниот месец ноември, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој ова го истакна денеска при посетата на Индустриската зона „Жабени“ во Битола, одговарајќи на новинарски прашања, при што беше прашан и за коментар за пропаднатиот тендер за јаглен за РЕК Битола.

„Македонија е пред енергетска криза. Мислам дека веќе во ноември ќе ги чувствуваме првите последици на таа енергетска криза. Од она што го имам како информација е дека се подготвува и во енергетските компании план за рестрикции. Не знам колку е тоа вистина, но таа информација дојде до мене. Значи се враќаме 30-40 години назад во времето, со оваа Влада на СДСМ се е можно, вклучително и рестрикции и враќање назад“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тој предупредувал дека поради нестручноста и лошата енергетска политика на СДСМ Македонија ќе биде пред енергетска криза.

„Јас на ова предупредував токму од тука, од Битола пред неколку месеци, предупредив дека со оваа енергетска политика и со оваа нестручност наместо работа се крадат енергетските компании, многу лесно ќе се соочиме со енергетска криза и таа енергетска криза ни е на прагот, ни тропа на врата. И верувајте, јас очекувам уште во ноември месец такво нешто ќе се случи. Камионите наместо да копаат тие се фокусирани да крадат. А, зошто да копаат? Затоа што рударските машини и камионите се потребни за да може технолошкиот процес на производство да на електрична енергија да биде заокружен и на тој начин граѓаните да добијат соодветна количина на електрична енергија“, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека од власта се обидоа преку меѓународен тендер да обезбедат милион и 200 илјади тони јаглен.

„Јас кажав дека тоа е сериозно логистичка операција, тоа е во еден момент 1.300 камиони во Македонија треба да се движат. Добиле многу помалку од тоа. Ќе видиме како ќе се развива целата таа работа, но жалам што можам да констатирам, еве не зборувам како политичар, како универзитетски професор и сум човек кој што ја разбира енергетиката, не само во Македонија туку и пошироко во регионот, дека можно е она што го слушам како полу информација, информација дека ќе дојде до рестрикции во наредниот период“, нагласи Мицкоски.

 

Коронавирус