недела, 27. септември 2020. Вести денес: 103
home Вести

Мицкоски: Следете ме и оваа нова година ќе биде година на нова надеж, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано

Знам дека надежта кај многумина од вас е мала, но таа не смее да исчезне. Македонија може и мора подобро, ова го потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето новогодишно обраќање.
Мицкоски: Следете ме и оваа нова година ќе биде година на нова надеж, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано

-Македонија мора да оди напред. Следете ме и оваа нова година ќе биде година на нова надеж, и година кога граѓаните ќе ја препознаат вистинската енергија која може да направи подобра иднина за сите. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи и внатрешни промени. И ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано, потенцира Мицкоски.

Тој им посака и среќни празници на сите граѓани на Македонија.

-Дозволете на секој од вас, да му посакам лична среќа и пред се добро здравје. Сакајте ги блиските, нека новата година донесе исполнување на вашите планови на личен и професионален план, но пред се љубов, разбирање и напредок во семејството. Нека Ви е среќна и успешна новата 2018та година!!!, вели Мицкоски.

Коронавирус