понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Мицкоски: Ситуацијата со македонската економија во моментов е алармантна

Мицкоски: Ситуацијата со македонската економија во моментов е алармантна

Ситуацијата со македонската економија во моментов е алармантна бидејќи ние сме единствена држава во Европа со такви перформанси во економијата. Но, она што е уште позагрижувачки е што политиките кои се планирани да се водат во иднина не нудат перспектива и не нудат параметри кои што би значеле поголем БДП односно зголемен стандард и квалитет на живот на нашите граѓани и на општеството во целост, анализира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Околу себе имам соработници кои имаат сериозно животно портфолио во бизнисот, но и во науката. Тој тим ќе се дооформува во периодот кој што следи, тој период ќе биде до крајот на месец јануари,  Дел од политиките кои планира ВМРО-ДПМНЕ да ги води на полето на економијата ќе бидат синергија на она што биле позитивни пракси во минатото, но и нови трендови во Европа и адаптирање на актуелната ситуација на европските пазари. Јас сум убеден дека следната Влада која што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да обезбеди раст на БДП од најмалку 4% што би значело подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија и намалување на стапката на невработеност до 10 %, истакна Мицкоски.

Коронавирус