понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 17
home Вести

Мицкоски: Ситуацијата со корона кризата не е под контрола

Мицкоски: Ситуацијата со корона кризата не е под контрола

Ние сме до септември на стоп листата во ЕУ како граѓани на Македонија. Ние сме хендикепирани да патуваме, да имаме научна размена, бизнис размена или како сакате земете, зошто? Затоа што ние воопшто не успеавме да се справиме од предизвикот со Ковид пандемијата и никој воопшто не разговара сега за тоа. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Мицкоски истакна дека власта нема стратегија за справување со корона вирусот укажувајќи дека иако убедувале дека бројот на забоелни нема да стигне до 2000 сега е над 10.000 а и бројот на починати лица се приближува на 500.

Мицкоски истакна дека наместо да се разговара и да се најде начин за решавање на проблемот, надлежните институции убедуваат дека се под контрола, прашувајќи како е под контрола кога цела ситуација наликува на Мони Пајтон шоу кое што го презентира оваа влада предводена од Оливер Спасовски.

Единствена стратегија е ресорниот министер или некој надлежен таму да рече бидете спокојни работата е под контрола, а како е под контрола од мај месец прогласивме победа врз пандемијата сега сме јули завршува, започнува август, а нашата бројка се зголемува од ден на ден, велевме 2000 нема да стигнеме, а денеска сме повеќе од 10.000 и се приближуваме на 500 мртви. И сега како е под контрола работата, на кој начин ја контролираме работава? Сега ние не зборуваме како да седнеме на маса, како да поразговараме, како да најдеме начин ние денеска зборуваме за некакви ете коминаторики вакви или такви, или пак ќе ги слушнете надлежните немојте да бидете загрижени се под контрола. Ова повеќе ми наликува на еден Мони Пајтон шоу кое што го презентира оваа влада предводена од Оливер Спасовски, вели Мицкоски.

Коронавирус