четврток, 22. април 2021. Вести денес: 93
home Вести

Мицкоски: Сите опции се отворени, одлуки ќе има по средбата со Заев

Мицкоски: Сите опции се отворени, одлуки ќе има по средбата со Заев

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште не одлучиле дали ќе се вратат во собраниските клупи. Новиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски заедно со пратеничката група даде изјава пред Собранието, од каде порача дека сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на попладневната средба со Зоран Заев.

-Имаме нов координатор на пратеничката група – тоа е Влатко Ѓорчев, откако Илија Димовски се повлече, рече Мицкоски.

На остататите пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, остануваат истите координатори, додаде Мицкоски.

Инаку, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на денешното обараќање на претседателот на државата во Собранието. Мицкоски оцени дека говорот на претседателот Ѓорге Иванов бил содржаен и ги опфатил сите теми.

Попладнево средба Мицкоски- Заев

За попладнево во 16 часот е закажана средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Според информациите кои денеска ги соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, од средбата ќе зависи и одлуката дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието.

Заев веднаш по изборот на Мицкоски рече дека е отворен за средба.

Коронавирус