среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Сите цени растат, се е поскапо, само животот станува најевтин

Мицкоски: Сите цени растат, се е поскапо, само животот станува најевтин

Жална, но вистинита вест е дека во Македонија сите цени растат, се е поскапо, само животот стана најевтин. И затоа ќе ни се случува дете да убие дете, убијците да се уште се на слобода, да се тргува со нивната слобода и да има недоприливи за правдата. А има недопирливи за правдата зошто криминалниот откопод кој управува со земјата останува нечепнат, потенцираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Се случи аферата Рекет, и погледнете само како она што требаше да биде битка против криминалот стана всушност битка за заштита на криминалот. Како сите се откажаа од Катица и Боки Јовановски кои само се извршители во оваа кратка крими серија, подвлече Мицкоски.