вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 65
home Вести

Мицкоски: Сигурен сум во победата на изборите, Заев да остане на зборот и веднаш потоа да распише предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Сигурен сум во победата на изборите, Заев да остане на зборот и веднаш потоа да распише предвремени парламентарни избори

Денеска сме во Битола во рамките на предизборната кампања за претседателските избори ќе имаме голем народен митинг овде во Битола. Исто така сум во Пелагонискиот регион ќе имаме митинзи. Во Могила ќе има митинзи, во Новаци, во Демир Хисар така што практично денот ќе го поминеме денеска овде во Битола, Пелагонискиот крај и ќе поразговараме со граѓаните. И исто така претседателскиот кандидат, идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде денеска овде во Битола и Пелагонискиот крај, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„Посетата ја започнуваме овде од пазарот, каде што сакаме да поразговараме со луѓето што се во секојдневен контакт и во допир со Битолчани, да споделиме искуства, да ги слушнеме нивните искуства од тоа како денеска живеат луѓето, каква е потрошувачката помеѓу луѓето овде во Битола. И мислиме дека од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина истата таа навигација која што ќе ја добиеме од овие луѓе да ја искористиме и во рамките на креирање на нашите политики во подоцнежна фаза.“

 
 

Мицкоски потенцираше дека е сигурен во победата на овие претседателски избори и се надева дека премиерот еднашка ќе остане на зборот и веднаш потоа ќе распише предвремени парламентарни избори.

Затоа сето она искуство и сета онаа навигација која што ќе ја добиеме од граѓаните во Битола и од Пелагонискиот крај, но и од овие луѓе кои што се овде на пазарите ќе бидат од огромно значење во креирање на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Коронавирус