петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 192
home Вести

Мицкоски: Што можеме ние како идна локална власт овде во Охрид да понудиме се со цел да се привлечат поголем број на туристи

Мицкоски: Што можеме ние како идна локална власт овде во Охрид да понудиме се со цел да се привлечат поголем број на туристи

Денеска тука во Охрид, во рамки на редовните активности поврзани со кампањата за предвремените локални избори и изборот на градоначалник имаме состанок со туристичките работници и ќе разговараме за она кое што во минатото беше успешен проект но и сакаме да слушнеме и определени предлози кои што во иднина ќе ја зголемат самата туристичка понуда во Охрид, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоскки по повод средбата со туристичките работници во Охрид.

Мицкоски порача дека како идна локална власт овде во Охрид можат да понудат нешто ново што ќе додаде вредност во процесот на привлекување на поголем број на туристи односно поголем број туристи кои што практично ќе бидат зголемување на квалитетниот туризам во рамките овде во Охрид.

-Не само во Охрид туку и во целата држава, во Македонија во целост. Исто така ќе разговараме и за сето она кое што можеме да го добиеме како идеја и за другите туристички центри во Република Македонија. И се разбира исто така ќе разговараме и за фокусот овде во Охрид и нема како да не ги споменеме и сите оние негативни случувања кои што се секојдневие во Република Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги потенцираше проблемите со кои се соочува Општината Охрид.

-Зголемен криминал, гледаме застој во работењето на автопатиштата поготово оној автопат кој што се гради од Кичево до Охрид, кој исто така мора да го споменеме и да видиме како после добивањето на следните превремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ како да го забрзаме целиот тој процес, а во насока на тоа да имаме поголем проток на туристи и зголемени можности за поголем проток на туристи овдека во Охрид и во охридско, изјави Мицкоски и подвлече:

„Така што очекуваме една квалитетна, конструктивна средба со туристичките работници и да добиеме нови идеи, нови сугестии како во иднина и како локална, но и како централна власт ќе можеме да помогнеме во овој процес во привлекување и поголем проток на туристи во Македонија, во Охрид, во охридско но исто така и во други туристички центри во Република Македонија.“

Најнови вести

Коронавирус