петок, 14. мај 2021. Вести денес: 115
home Вести

Мицкоски: Шилегов не може да се запамети по никаков проект, освен по онаа дупката на плоштад

Мицкоски: Шилегов не може да се запамети по никаков проект, освен по онаа дупката на плоштад

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само Интервју“ на Канал 5, говорејќи за локалните избори кои претстојат истакна дека победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде голема, затоа што СДСМ во 4 години само ги уназади општините. Тој посочи дека во Град Скопје, Шилегов нема по што да биде запаметен освен по дупката на плоштад која не може да ја санира три недели.

– Ги видовме СДСМ, во овие 4-5 години не понудија ништо ново, напротив уназадија многу процеси, нивниот начин на понуда на изборите е само поткуп, уцени и закани и ништо друго. Што друго ќе кажат? По што ќе го запаметите Шилегов? Само по дупката која стои три недели несанирана на плоштад. На пример требаше да има зиплајн, ама не го гледаме, иако го ветуваа, потенцираше Мицкоски.

Во однос на понудата на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека има повеќе десетици имиања коишто ги анкетираме, јавноста ќе биде изненадена од имиња кои се сериозни професионалци и кои ќе покажат нов вид на пристап во развојот на општините.

– Убеден сум во победа на локалните избори, кои се надевам дека ќе бидат заедно со предвремени парламентарни избори, не сме се откажале од ново парламентарно мнозинство,. Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде голема во однос на СДСМ, нагласи Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус