вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 56
home Вести

Мицкоски: Сето она кое што денеска и го приредува СДСМ и Зоран Заев на Република Македонија е повеќе од трагично и траорно

Мицкоски: Сето она кое што денеска и го приредува СДСМ и Зоран Заев на Република Македонија е повеќе од трагично и траорно

Претходно бевме во посета на Свети Николе таму се слави денот Тодорица, одлична посета, многу народ, добра традиција, но за жал се чувствуваат последиците од заевизмот и во Свети Николе и овдека во Штип. Луѓето кои што имаат тезги таму се жалат дека никогаш не била посиромашна годината од аспект на купувачи. Се надеваат дека набрзо ќе дојде крајот на заевизмот во Република Македонија. Ќе дојдат вистински луѓе на вистински места и ќе можеме да тргнеме напред. Затоа што сега како што се движи Република Македонија не е вистинската насока и не е посакуваната насока на граѓаните, ова денеска од Штип го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Истото чувство го споделуваат и штипјани, бевме во еден економски субјект, еден производен погон, луѓето се занимаваат со производство кое го пласираат и на домашниот, но и на странскиот пазар. Истата е сликата секаде, заевизмот се чувствува секаде, ние сме тука за да понудиме пред граѓаните надеж, а веднаш потоа откако ќе ја добиеме нивната доверба и таа надеж да ја претвориме во реалност. Затоа што реалните проблеми натежнати се, луѓето се чувствуваат разочарани, луѓето се чувствуваат изневерени, вели Мицкоски.

Тој додава дека навистина сето она кое што денеска и го приредува СДСМ и Зоран Заев на Република Македонија е повеќе од трагично и траорно. Се надевам дека граѓаните на 21 април ќе ја препознаат понудата која што ние ја презентираме во Република Македонија. Понудата која госпоѓата Гордана Силјановска Давкова ја презентира, масовно ќе излезат и масовно ќе дадат поддршка како на 21 април така и на 5 мај.

-Очекуваме една голема победа која ќе го означи крајот на една ваква, неподготвена и неспособна влада во Република Македонија и ќе ги отвори вратите за нови предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.