четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Сериозно работиме на широка платформа за борба против корупција, мора криминалците да одат во затвор

Мицкоски: Сериозно работиме на широка платформа за борба против корупција, мора криминалците да одат во затвор

-Ние треба да се потпреме на применливото кривично право. Треба да најдеме начин, еве со помош на веќе би рекол функционални правни системи во светот да имаме независни обвинители и независни судии. Не можеме ние да имаме независен судски систем во кој што обвинители и судии коленичат пред кабинет на премиер. А, премиер јавно признава на отворена сцена дека тој ја водел акцијата и дека бил во координација со институциите меѓу кои ги спомена и обвинителството и судството“,рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“.

Мицкоски додаде дека како може Заев да координира со судството и обвинителството, па тој е само еден обичен државен чиновник, претседател на Влада.

-Ние треба да имаме една судска и обвинителска елита која што ќе биде апсолутна независна, а пред се морално високо поставена и чесна. И ако треба добро платена од нас граѓаните за да обвинува и суди по закон. Не треба мене да ми кажува ниту пак Зоран Заев или пак утре некој друг кој што ќе биде премиер. Ниту пак странски дипломат, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во рамките на партијата сериозно се работи на антикорупциска програма со многу експерти не само од Македонија, туку и од странство. Набргу партијата ќе ја обзнани и платформата за борба против корупција.

-Следниот премиер ќе биде оној кој што ќе понуди програма за борба против корупција. Но, таа програма ќе биде пред граѓаните презентирана. Но, таа програма ќе биде така лесно објаснета на граѓаните за да можат да ја разберат, секој еден од нив. Тоа ќе биде идниот премиер, и таа ќе биде партијата која што ќе победи на следните предвремени парламентарни избори, нагласи Мицкоски.

Мицкоски рече дека со таа платформа криминалците ќе одат во затвор, а не да шетаат слободно низ државата.

Коронавирус