вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Мицкоски: Секој кој зема државна плата треба да биде слуга на граѓаните, а не да зема плата и да седи дома

Мицкоски: Секој кој зема државна плата треба да биде слуга на граѓаните, а не да зема плата и да седи дома

Во вечерашната емисија „Што мисли народот‘‘ на ТВ Стар гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски каде што истакна дека во однос на вработените по рамковен секој оној кој зема државна плата треба да биде слуга на граѓаните а не да зема плата и седи дома.

„Секој денеска што добива пари и плата од граѓаните мора да оди и да дава некаква услуга и да работи и да биде сервис на граѓаните.Никој не може да седи дома и да прима за тоа плата, без разлика на етничката припадност. Исто како што не можам ниту јас ниту вие, ниту пак било кој друг. Мора секој кој што е платен од граѓаните да работи за граѓаните, и да биде слуга на граѓаните. Тој што не сака да биде слуга на граѓаните, чесно е да даде отказ, и да се занимава со друга професија‘‘ истакна Мицкоски

Мицкоски додаде и дека секој оној кој што денеска не е слуга на граѓаните а добива плата од граѓаните треба да ја напшушти таа функција.

„Еве сега ќе ви кажам, не се сложувам со тоа, ниту сега ниту во минатото ниту пак во иднина ќе се сложам. Но истовремено државата е таа која што треба да обезбеди соодветни работни места, и државата е таа која што треба тие луѓе технократски да ги распредели онаму каде што припаѓаат‘‘ заклучи Мицкоски

Коронавирус