среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Мицкоски: Се залагам за партнерски и рамноправни односи со меѓународната заедница

Мицкоски: Се залагам за партнерски и рамноправни односи со меѓународната заедница

Ниту сум имал ниту ќе имам лоши односи со меѓународната заедница која за мене е подеднакво важна како и домашната јавност, инаку обвинувањата не би ги коментирал, бидејќи се неосновани.

Изминатиот период имав голем број средби со претставници на меѓународната заедница, разменивме ставови, мислења, позиции и во периодот кој што следи ќе патувам и исто така ќе имам можност да разговарам на различни теми, кажа Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Отворена програма“ на Македонската национална телевизија.

Тој додаде дека со меѓународната заедница нема лоши односи, туку напротив има односи кои што се на едно рамноправно ниво, односи кои што се пријателски и партнерски. ВМРО-ДПМНЕ од самото свое формирање е партија која што е силно ориентирано кон евроатлантските интеграции и се разбира за овој договор каде што практично македонската јавност беше ставена пред ултиматум, земи или остави, без можност да промени нешто имавме различни ставови и тоа е легитимно во едно демократско општество и не знам што е грешката тука, вели Мицкоски.

Коронавирус