среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Мицкоски: Се виде на кој му е битно здравјето на граѓаните, а на кој власта

Мицкоски: Се виде на кој му е битно здравјето на граѓаните, а на кој власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев по повод 117 годишнината од неговата смрт. Тој по завршување на настанот одговараше на новинарски прашања, а беше прашан за следните чекори доколку во Македонија се случат брзи избори.

Прашање: Господине Мицкоски власта и не крие веќе дека планира брзи избори, какви ќе бидат чекорите на ВМРО-ДПМНЕ, се споменува и иницијатива пред Уставниот суд за вражање на пратениците во Собранието, дали ќе се вратите во Собранието со пратеничката група и како ги коментирате најавите на Заев еве од утрово дека нема проблем да има избори веднаш кога ќе заврши вонредната состојба и криза, процесот да почне?

Најпрвин дозволете ми да ви одговорам, задоволен сум што конечно и Заев признава дека не сме сите исти. Има политичари кои што власта не им е приоритет, туку приоритет им е здравјето на граѓаните и има политичари кои што сакаат да го ублажат поразот на следните парламентарни избори кога и да се случат и не водат сметка за здравјето на граѓаните, за економијата и сета онаа криза која што владее во државава и која што е резултат на вирусот КОВИД -19, кој што се случи и кај нас, не останавме надвор од она што се случуваше во светот.

Јас во неколку наврати во минатото кажав и еве ќе го повторам тоа и денес, дека во првите три приоритети на ВМРО-ДПМНЕ не се избори. Прв приоритет е како конечно оваа пандемија да остане позади нас целосно, втор приоритет е да ја застанеме на нозе економијата бидејќи таа живот значи и третата работа е да ја вратиме самодовербата помеѓу македонските граѓани, бидејќи таа е изгубена, сето ова влијаеше врз самото чувство кај граѓаните и тоа е наш приоритет кој што сакаме да го вратиме.

Сите ние и вие знаме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да се случат тие избори, но ниту јас сакам бидам мандатар, а ниту ВМРО-ДПМНЕ да биде мандатар, а истовремено да ги брои илјадниците заболени од вирусот и десетиците кои ќе ги изгубат своите животи. Избори ќе се случат тогаш кога ќе има услови за фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на тие избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада која ќе ги санира сите последици кои што се резултат на оваа пандемија која што завладеа и тоа не треба да се грижат граѓаните.

Сосема на крај да сумирам, јас сум навистина задоволен што конечно и самиот Заев потврди дека на македонската политичка сцена не се сите исти,  и те како сме различни. Има такви на кои што фотелјата им е пред се, има такви на кои што здравјето и животот на граѓаните им е пред се.

За иницијативата пред Уставниот суд колку што имам јас информација во минатото имаше поднесено една таква иницијатива која што требаше да ја оценува уставноста на распуштање на пратениците, тогаш уставниот суд ја отфрли како неоснована, слична некоја таква иницијатива претпоставувам ќе се најде на дневен ред сега или воопшто нема да се најде на дневен ред во среда. Да почекаме Уставниот суд да се произнесе и дури потоа ние како политичари ќе ја коментираме од наше гледиште  одлуката која што ќе ја донесат уставните судии.

Коронавирус