вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 82
home Вести

Мицкоски се сретна со земјоделците од Арачиново и Гази Баба

Мицкоски се сретна со земјоделците од Арачиново и Гази Баба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски се сретнаа со претставници на иницијативниот одбор на земјоделци од Арачиново и Гази Баба.

-Заедно со претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, остваривме средба со претставници на иницијативниот одбор на земјоделци од Арачиново и Гази Баба, кои беа погодени од невремето во изминатите години.

Претставниците на земјоделците ме информираа дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период. Тие потенцираа дека се работи за околу 250 семејства чија примарна дејност е земјоделството и нивната егзистенција е нарушена.

Истакнав дека ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање, доколку треба да се донесе одредено законско решение пратениците тоа да го предложат, односно да го изгласат. Посочив дека е безобразие ова што власта ги влече со години и не им ги исплаќа средствата на име на обештетувањe и дека за тоа треба да има одговорност, објави Мицкоски на социјалната мрежа на Фејсбук.

Коронавирус