понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 150
home Вести

Мицкоски: Се случуваат големи скандали, 200 илјади поткуп, сомнителни тендери

Мицкоски: Се случуваат големи скандали, 200 илјади поткуп, сомнителни тендери

Во емисијата „Отворено“ на телевизијата 24 Вести претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со свој став за делењето на тендери во четири очи од страна на владата на СДСМ.

-Да гледам како тендери од 2,5 милиони евра четири очи се случуваат и за тоа може да збоуваме, ја отвори темата со сомнителните зделки Мицкоски.

Потпрашан од страна на водителот за кој тендер се работи, Мицкоски одговори дека се работи за тендерот за ископ на јаглен во РЕК битола кој изнесува 150 милиони денари. Кој е договорен во четири очи, без да има кој да ја котролира целата постапка.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ разоткри за причината, зошто владата предводена од Зоран Заев го укина советот за јавни набавки, појани дека со ваквиот потег владата обезбедила простор за договарање на тендери во четири очи.

-Јас кога бев генерален директор повеќе економски оператори извршуваа ископ, но има една разлика, а знаете која е таа тогаш се викаше совет за јавни набавки. А таа институција ја укина оваа влада, за да може вака во четири очи да си дели тендери. Тоа е разликата голема од тоа време и ова време, рече Мицкоски.

Коронавирус