петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Мицкоски се прости од Змејковски: Ќе остане запаметен како голем човек

Мицкоски се прости од Змејковски: Ќе остане запаметен како голем човек

Се опростуваме од човекот кој сиот свој животен век го посвети на својата татковина. Ја поттикнуваше љубовта кон Македонија, но беше и неуморен критичар кон политичките и општествените процеси. Своето големо искуство секогаш го ставаше на располагање пред сите нас. Владимир Змејковски во нашите сеќавања ќе остане запаметен како голем човек. Почивај во мир, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук, простувајќи се од еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Змејковски.

Според информациите Змејковски починал по долго боледување.

Голем број членови и симпатизери на партијата, како и почитувачи на самиот Змејковски денеска преку социјалните мрежи се простуваат од него, со фотографии и последни пораки.

Локални избори 2021