среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Мицкоски: Се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата, победата на ВМРО-ДПМНЕ е се поочигледна

Мицкоски: Се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата, победата на ВМРО-ДПМНЕ е се поочигледна

Денеска сме овде во Штип практично тука традиционално ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ги завршува кампањските активности би рекол, за парламентарни, за претседателски така беше, па и за локални избори, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска покрај Штип ќе ги посетиме и општина Карбинци, ќе ја посетиме и општина Пробиштип. Имавме можност претпладнето да оствариме неколку работни состаноци, разговаравме со младите, со здравствените работници, разговаравме  со културните работници. Сега зборувавме и со претставниците од реалниот сектор, со луѓето од бизнисот. Она кое што можам да го кажам е дека се прилично задоволни од сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го има вклучено во овие 1000 решенија содржани во 360 страни „Проект – обнова“. Имам впечаток дека се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата. Тоа се чувствуваше впрочем првиот ден уште од Охрид. Но, еве и потврда тука во Штип дека поддршката е голема. Поддршката е голема за реформите кои што ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ, 1000 решенија. Јас би сакал уште дополнителни 1000 решенија на проблеми да вклучиме во овој четиригодишен мандат. Но, најпрвин ќе треба да отпочнеме, да видиме сето она кое што ќе го затекнеме, а и информациите се дека навистина ситуацијата е многу лоша, истакна тој.

-Но, ние сме тука, подготвени сме, мотивирани сме. Не мотивира поддршката од народот која што секојдневно ја добиваме и цениме дека успешно ќе се справиме со сите предизвици кои што ќе се испречат на нашиот пат, во реализирање на наша крајна цел. Така што еве јас да го изразам моето задоволство, денеска е последниот ден од кампањата. Навистина поминавме прекрасни 19 дена низ Македонија, на овие средби со граѓани разговаравме со многу, со илјадници наши сограѓани. Позитивна енергија, голема надеж, тоа обврзува, ние навистина тоа дополнително не мотивира  да истраеме во оваа наша битка и ценам дека ќе успееме и ќе направиме една поинаква Македонија споредено со ова што денеска имаме понижена, омаловажена. Но, тоа е завршена работа, за два дена од денеска ќе победи Обновата на Македонија и македонските граѓани ќе може да се радуваат, порача Мицкоски.

Коронавирус