петок, 23. јули 2021. Вести денес: 180
home Вести

Мицкоски: Се подготвува ли ново предавство од квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров во Бугарија?

Мицкоски: Се подготвува ли ново предавство од квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров во Бугарија?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска преку статус на Фејсбук прашува дали се подготвува ново предавство од квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров во Бугарија.

-СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ НОВО ПРЕДАВСТВО ОД КВАРТЕТОТ ЗАЕВ, БУЧКОВСКИ, ОСМАНИ, ДИМИТРОВ ВО БУГАРИЈА?

Овој квартет кој државава ја чини многу скапо ќе отпатува во Софија, каде се спремни да дадат бел лист хартија кој бугарските политичари треба да го натоварат со барања, исти онакви какви што се содржани во Бугарската декларација со која се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија.

Овој квартет предводен од Зоран Заев ќе го прифати сето ова, што подоцна треба да се реализира со исчекување на новата влада во Бугарија.
Загрозени се националните и државни интереси, Заев им дава поклон кој многу скапо ќе ја чини нашата држава.

Апелирам на внимателност на македонскиот народ, свесно и будно да не дозволиме ново предавство на квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус