вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Мицкоски се огласи по морбидниот статус на Тричковски

Мицкоски се огласи по морбидниот статус на Тричковски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по морбидниот статус на Бранко Тричковски:

„Ах бре Заев, до тоа дереџе дојде работава да ми праќаш пораки преку неформалниот гласноговорник Тричковски. Покрај тоа што секој ден преку прескапо платените алатки се шират невистини, клевети кон мене, сега дури претскажуваат смрт.

Ама тоа мене не само што не ме плаши, туку ме прави уште помотивиран да истраам со народот во заедничката борба и фактот дека сме на правиот пат на рушење на оваа мафија.

Туку покрај оваа дневна доза мотивација, што правиме со Лидија Димова? Таа тренираше магариња со илјадници евра и сè уште е директор“ -напиша Мицкоски!

Коронавирус