четврток, 5. август 2021. Вести денес: 95
home Вести

Мицкоски: Се обврзувам дека новата енергија на реформираното ВМРО во еден мандат ќе изградат повеќе за Македонија од тоа што овие можат да направат за пет мандати

Мицкоски: Се обврзувам дека новата енергија на реформираното ВМРО во еден мандат ќе изградат повеќе за Македонија од тоа што овие можат да направат за пет мандати

Официјално го немам ребалансот на Буџетот, ама неофицијално делот за трансфери и субвенции е зголемен за 210 милиони евра, а дефицитот од 4,9 на 6,5 проценти. Тоа е како да добиете плата од 25 илјади денари, а да потрошите 30 илјади. Или за потенцијалниот поткуп има 210 милиони евра, рече чидерот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“.

-И сега нобеловци да се донесат не може да се направи ништо. Има зголемување само за поткуп. Тие се целосно неспособни, а доаѓаат есенски месеци, сега ако не искористите градежна сезона кога ќе има капитални инвестиции, рече Мицкоски.

Според него, од владава не може да се очекува капитална инвестиција, ова се полулегални бизниси на што ја темелат македонската економија.

„Во 21 век политичарите треба да се борат за сосема други работи, за современа медицина, за квалитет во образование, не да се плеткаме со проституција, марихуана“, вели Мицкоски.

Затоа треба поскоро да си замнинат, вели Мицкоски и додадава, се обврзувам дека новата енергија на реформираното ВМРО во еден мандат ќе изградат повеќе за Македонија од тоа што овие можат да направат за пет мандати.

Коронавирус